ОГРАНИЧЕНА УПОТРЕБА НА МОБИЛНИТЕ ВО ТЕКОТ НА НАСТАВАТА

 

Утре, 26.09.2019 година (четврток), со почеток од 10:00 часот, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со претставници од Здружението за дислексија „Ајнштајн“, ќе бидат во посета на ООУ „Војдан Чернодрински“ (ул. „Дрезденска“ бр.3).

 

Пред дел од учениците ќе се презентира проектот за ограничена употреба на мобилните телефони во наставата, а во 10:15 часот ќе следат изјави за медиуми на:

 

·                  Стефан Богоев, градоначалник на Општина Карпош;

·                  Дамјан Николовски, претседател на Здружението за дислексија „Ајнштајн“.

 

Ќе се направи презентација и на организаторите за складирање на мобилните телефони. Овој проект се спроведува со поддршка на Европската Унија, а партнери се Општина Карпош и Здружението за дислексија „Ајнштајн“.