МAAЛСКА СРЕДБА НА ГРАЃАНИТЕ ОД КОЗЛЕ ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ

 

Во среда, 25.09.2019 година, од 19:00 часот, во Козле, на паркингот пред ООУ „Владо Тасевски“, ќе се одржи маалска средба со претставници од СВР Скопје / Одделение за превенција, претставници од Полициската станица Карпош, како и членови од Советот на Општина Карпош и општинската администрација.

 

На средбата ќе се разговара за безбедноста во урбаните заедници „Кузман Јосифоски – Питу“ и „Пецо Божиновски – Кочо“, покритичните точки на кои полицијата и Општината треба да обрнат поголемо внимание, нивно мапирање и други теми од интерес на граѓаните.

 

Ве покануваме да присуствувате на оваа средба.