Вести

ОДОБРЕНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА ПРОЕКТИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

На денешната 27.седница на Советот на Општина Карпош, членовите на Советот дадоа согласност за објавување на Јавен повик за изработка и реализација на проекти од областа на заштитата на животната средина и природата, и енергетската ефикасност. Всушност, станува збор за 1,5 милиони денари, буџетски пари од Општината, за кои ќе може да аплицирааат граѓански здруженија со предлог проекти од областа на животната средина и енергетската ефикасност. Комисијата која ќе ги оценува и одобрува проектите, ќе биде составена од членови на Советот од советничките групи од власта и од опозицијата, како и од претставници од општинската администрација.

25.9.2019 15:33:04

ОГРАНИЧЕНА УПОТРЕБА НА МОБИЛНИТЕ ВО ТЕКОТ НА НАСТАВАТА

Утре, 26.09.2019 година (четврток), со почеток од 10:00 часот, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со претставници од Здружението за дислексија „Ајнштајн“, ќе бидат во посета на ООУ „Војдан Чернодрински“ (ул. „Дрезденска“ бр.3).

25.9.2019 15:20:49

ЗЛАТО И СРЕБРО ЗА КАРПОШОВИТЕ АДМИНИСТРАТИВЦИ НА СИНДИКАЛНИТЕ ИГРИ НА ЈИЕ

На дванаесеттите спортско-рекреативни игри и средби на Синдикатите од Југоисточна Европа, кои се одиграа од 19 - 22 септември во Кладово, Република Србија, ученисничката од Општина Карпош Александра Велковска, го освои златниот медал во пливање, категорија краул - жени. Во едно динамично и докрај неизвесно натрепварување, Александра заедно со Кристина Николовска од Град Скопје, стигнаа први до целта, испливувајќи 36 метри, за време од 23 секунди и се закитија со златниот медал.

25.9.2019 13:10:35

ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ

Денеска, среда (25.09.2019) со почеток во 11.30 часот , ќе се оддржи дваесет и седма седница на Советот на Општина Карпош со следниот

25.9.2019 07:30:47

МAAЛСКА СРЕДБА НА ГРАЃАНИТЕ ОД КОЗЛЕ ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ

Во среда, 25.09.2019 година, од 19:00 часот, во Козле, на паркингот пред ООУ „Владо Тасевски“, ќе се одржи маалска средба со претставници од СВР Скопје / Одделение за превенција, претставници од Полициската станица Карпош, како и членови од Советот на Општина Карпош и општинската администрација.

24.9.2019 15:18:06

ПРАВИЛНО И ОДРЖЛИВО БУЏЕТИРАЊЕ – БОГОЕВ НА ДВОДНЕВНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ДИЗЕЛДОРФ

Градењето на стратегија за правилно буџетирање и креирање на одржлив и реален буџет, мобилноста на градовите и грижата за животната средина се главните теми на кои се разговара на Шестата конференција за одржлив развој на општините, на која учествува и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, во Дизелдорф, Германија, во организација на LAG – 21 и фондацијата Friedrich Ebert Stiftung.

24.9.2019 10:01:59

УЧЕНИЦИ ОД „ НОВА“ СЕ ЗАПОЗНАА СО ПРЕДНОСТИТЕ НА „ СОЛАРНОТО ДРВО“

Вчера, раководителот на Одделението за енергетска ефикасност при Општина Карпош Љупчо Димов,м им одржа предавање за „ зелена енергија“ на средношколците од „ НОВА“. Презентирајќи им ги бенефитите од „ соларното дрво“, кое неодамна беше поставено на кејот на реката Вардар, во близина на Алпинистичката карпа, раководителот Димов, нагласи дека ова „ дрво“ всушност работи исклучиво и целосно на обновлива сончева енергија. Учениците беа запознати со начинот на кој е направена конструкцијата, односно им беше нагласено дека соларниот постамент има моќност од два киловати.

24.9.2019 09:58:07

НОВИОТ ДЕТСКИ ПАРК ВО КРИВИ ДОЛ – ВО ФИНАЛНА ФАЗА

Во финална фаза на реализција е детското игралиште во населеното место Криви Дол, во Општина Карпош. Поставени се дел од детските реквизити и урбаната опрема (клупи и корпи за отпадоци).

23.9.2019 13:35:08

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ДОБИВАЊЕ НОВИ ГРАНТОВИ

Зајакнување на капацитетите на лицата кои работат на проектни апликации за добивање грантови, нивно вмрежување и размена на искуства, беше една од темите на денешната работна средба меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставници од Градот Тиват, Црна Гора. Двете локални самоуправи имаат континуирана соработка долги години, а традиционалната ликовна колонија во Карпош, на која учествуваат и ученици од Тиват, е причина во посета на Карпош да доаѓаат и претставници од оваа црногорска општина.

20.9.2019 14:46:52

КУЛТУРНИ МОСТОВИ ПРЕКУ ДЕТСКО ЛИКОВНО ТВОРЕШТВО

Традиционално, по тринаесеетти пат започна Меѓународната ликовна колонија, организирана од Детскиот ликовен центар , под покровителство на Општина Карпош. На падините на планината Водно, во манастирскиот комплекс „ Св. Пантелејмон“ , учениците од десетте основни училишта , заедно со своите врсници од соседните: Триадица, Софија , Република Бугарија, Врњачка Бања од Република Србија , Травник од Босна и Херцеговина, и од Тиват , Црна Гора, заедно ќе творат и ќе цртаат, создавајќи на тој начин уметнички дела.

20.9.2019 13:17:54